Над 30 години искуство во изработка на завеси по мерка во Македонија.
Завеси Громби е дел од компанијата ПРОДАН-ПРОМЕТ ДООЕЛ, основана во 1992 година. Започнавме како фамилијарен бизнис за трговија со метража за лесна и тешка конфекција, за подоцна нашата главна дејност да биде продажба и изработка на лесни и тешки завеси (драперии), како и сопствено производство на завеси со механизам.
Како лидери во производството на завеси со механизам на македонскиот пазар, нудиме широк асортиман: Зебра (ден и ноќ) завеси, Вертикални зебра завеси, Роло и Дупли роло завеси, Плисе завеси, Класични завеси и драперии, Дрвен венецијанер, Силует (3Д) завеси, Римски (каскадни) завеси, Панелни завеси, Zip систем и Комарници — сите изработени точно по мерка и со професионална монтажа.
Повеќе од 30 години неуморно се трудиме да ги приближиме светските трендови до македонските домаќинства, со завеси кои се практични, лесни за одржување и долготрајни. Изработката на лесни и тешки завеси (драперии) кај нас е БЕСПЛАТНА — плаќате само за материјалот и услугите за завеси со механизам.
Секоја завеса е кроена според точните димензии на вашите прозорци.
Наш тим ја поставува завесата брзо, уредно и без непријатности.
Стотици дезени, бои и механизми за секаков стил и простор.
За завеси купени од кај нас обезбедуваме бесплатен сервис.
Контактирајте нè за бесплатна понуда и совет — дополнителен попуст доколку самите ја монтирате завесата.